“Кога ги разгледуваме богатствата кои човештвото ги има креирано низ времето , во секоја област- уметност, наука, философија, музика, литература, ги гледаме достигнувањата на оние чија креативна работа го положила тестот на времето.”[1]

Луѓето се во допир со светот на многу различни начини, што значи дека ги искажуваат своите имагинативни идеи исто така на различни начини. Преку движења, пишување и драма, преку технологија, бизнис и медицина. Креативноста е контекстуална и индивидуална во нејзината суштина и форма. Со тоа што одбираме да бидеме креативни, допринесуваме кон нашиот процес на учење и личен развој, за сетоа тоа на крај да води кон промена на светот како целина. Сево ова е многу за да може едно дете самостојно да го сфати, а од друга страна тие се најчистата форма на креативноста.
Можно е децата да имаат потешкотии со разбирањето на тоа што е креативноста и доловувањето на нејзината релевантност. Родителите може да објаснат дека креативноста им помага на луѓето да пронајдат решенија за проблемите, нуди задоволство и збогатување, мотивира и води кон нови идеи. Меѓутоа, исто така може да биде корисно да се презентираат примери во кои децата можат да се пронајдат. Децата можат да бидт инспирирани од креативните искуства и доживувања на другите.Оттука, постојат две различни перспективи за креативноста. Двата примери служат за да помогнат при зацврстувањето на знаењето на децата за креативноста и зошто треба истата да ја прегрнат.
Пример бр.1- Околу креативноста: со зборови на наставник

“Дали некогаш сте забележале како краставицата додека расте најпрво испушта ластарки? Тие се дизајнирани за да се обвиткаат околу нешто во околината за да му даде стабилност на растението, затоа што тоа расте и се зголемува. Ластарките се како уникатни идеи на растението. Тие растат во многу насоки и ако една од нив се фиксира на шајче од оградата, тогаш се обвива цврсто околу истото и станува се поголемо и поцврсто. Многу ластарки не одат никаде. Нема ништо за кое би можеле да се прикачат и на крајот тие се сушат. Сепак, го почитуваме растението поради тоа што испратило ластарка во средина на недојдија, поради преземањето ризик.Понекогаш ластарка која не е упатена никаде се закачува на нешто што претходниот ден не било таму. Луѓето велат дека некои ластарки се понапред од нивното време.”
Има смисла да се почитуваат, поддржуваат и охрабруваат многуте ластарки на детската имагинација. Тие ластарки се идеи и ги претставуваат почетоците на креативниот израз, личниот развиток и продуктивност.
Пример бр.2- Околу креативноста: со зборови на јорганџија
“Може навидум да изгледа како креативноста да се појавува преку магија, но всушност доаѓа од еден длабок бунар на информации. Повремена креативна инспирација нема да не однесе далеку. Наместо тоа, ни треба длабоко разбирање на нашиот занает, како и усовршени вештини за да можеме да ја прошириме нашата креативност на соодветен начин. Без знаење, ние не можеме да црпиме од нашата меморија инспирација за да пронајдеме уникатни и интересни идеи за да ги склопиме заедно. Еден ткајач треба да ги знае можните материјали и патерни за употреба. Без вештина и знаење, ние можеме да замислиме уникатен јорган, слика или поема, но нема да бидеме способни да го претвориме сонот во реалност.”
Децата стануваат креативни како резултат на фокусирањето кон прибирање знаења и вештини. Или поедноставено, можностите за учење создаваат креативна енергија и израз. Родителите и наставниците се добро позиционари за да им помогнат на децата да ја разберат креативноста и многуте причини поради кои таа е релевантна, и да укажат дека таа бара подготовки, размислување и напорна работа. Креативноста со себе носи постојана потреба од учење, истражување и експериментирање.

Наставник, уметник, атлетичар, претприемач, сонувач, млада личност, стара личност или тие измеѓу. Секој ја има способноста да избере да биде креативен и да ја користи таа позитивност за подобрување на светот. Да им помогнеме на децата да ја цената моќта на можностите. Кога ги поддржуваме напорите на децата и нивните креативни идеи, ние всушност го поддржуваме нивното процветување, сега и во иднината, без разлика што сакаат тие да станат кога ќе пораснат.
[1] ’’Being Smart About Gifted Education’’,Dona Matthews and Joanne Foster